Македонија
СДСМ бара разрешување на директорот на АНБ
27.10.2024 12:41
Опозицијата бара разрешување на директорот на АНБ, Бојан Христовски. Од СДСМ го обвинија дека направил криминал, затоа што користел фалсификуван сертификат за познавање англиски јазик ТОЕФЛ...

Опозицијата бара разрешување на директорот на АНБ, Бојан Христовски. Од СДСМ го обвинија дека направил криминал, затоа што користел фалсификуван сертификат за познавање англиски јазик ТОЕФЛ, и го повикаа обвинителството да отвори случај.
Реакцијата на социјалдемократите следува откако бугарски „Фактор“ објави информација дека дипломата за англиски јазик на Христовски е од непостоечко школо во Пловдив.
