Иран пред одлука како ќе одговори на нападот
По нападот од Израел, Иран дециден дека ќе се одмазди, иако меѓународната заедница во еден глас повикува на воздржаност. Техеран ги обвини САД за соучесништво. Побарана е итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, генералниот секретар Гутереш загрижен за ситуацијата…

Израелските удари на Иран го втурнаа Блискиот Исток поблизу до амбисот. И покрај гласните повици од меѓународната заедница, Иран решителен за одговорот на израелската воздушна операција во која имаше загинати ирански војници. Од Техеран велат дека имаат право на одбрана, неопходно е само да размислат за начините на контранападот. Побараа итна седница на Советот за безбедност во обединетите нации.
„Иако воената акција на ционистичкиот режим против Иран беше надвор од пасивност и заврши со уште еден пораз за овој режим, Исламската Република Иран, според своето суштинско право на легитимна одбрана и поглавјето 51 од повелбата на обединетите нации, се смета дека има право на самоодбрана, а одговорот на овој чин на агресија е сигурен, со неопходни размислувања“, изјави Мохамад Багер Калибаф – претседател на иранскиот парламент.
Од Тел Авив веќе стигна одговор за иранските закани – доколу Техеран повторно нападне, тие нема да се двоумат и ќе возвратат. Во моментов Израел го предводи темпото за ескалација во регионот. Решителноста на Нетанјхау да се пресмета со милитантните групи поддржани од Иран е цврста. Тој не отстапува од намерата за ликвидирање на Хамас и Хезболах.
„Погрешната пресметка на ционистичкиот режим мора да се распадне. Тие страдаат од погрешна пресметка во однос на Иран. Тие не го познаваат Иран, неговата младина, неговиот народ. Тие допрва треба да ја ценат моќта, способноста, креативноста и волјата на Иран. Тие не можат да разберат тоа“, изјави ајатолахот.
На Техеран му преостануваат две опции. Да ризикуваат тешка ескалација или пак, да избегнат широк конфликт во регионот. На едната страна е одмаздата за нападот, а на другата да отстапат по серијата израелски напади и да ризикуваат имиџ на послаб воен играч во регионот наспроти Израел. Двете опции не му одат во прилог на Иран.
Маја Стојановска
