Велес

Откриен идентитетот но не и причината за смртта

18.07.2014 19:11

Полицијата го откри идентитетот на починатиот маж чие тело облеано во крв вчера во Велес беше пронајдено од случајни минувачи. Обдукцијата ќе го даде точниот одговор на прашањето како настанала смртта, засега првичните анализи ја наведуваат полицијата да се сомнева дека станува збор за насилна смрт.

Jован Цилаков е мртвиот маж кој синоќа во Велес беше пронајден облеан во крв во дворот на Гимназијата и Хемиското училиште, официјалнo потврди полицијата. Но од таму нема официјална информација како настанала смрта.

Според првичните анализии најверојатно станува збор за насилна смрт велат од полицијата. За официјална информација се чекаат резултатите од обдукцијата.

И Јавното обвинителство денеска ги чекаше резултатите од Судска медицина. Од таму за МРТ потврдуваат дека до крајот на работниот ден до нив нестигнала информацијата која треба да го расветли овој немил настан во Велес.

На местото каде што вчера беше  телото на беживотниот Јован денеска видливи се само траги од крв, го нема и големиот крвав камен кој што веројатно ја крие и вистината како настанала смртта на овој велешанец.

Дијана Иванова