Меркел разговарала со Самарас за името
За само четири дена германската канцеларка Меркел по вторпат се осврна на македонската интеграција во Европската Унија поврзана со грчката бариера, односно спорот со името. Таа, на годишната летна прес конференција во Берлин потврди дека ги знае комбинациите за името, дека е во разговори со грчкиот премиер и дека од големо значење за Македонија оваа расправија да се надмине.

„ Со оглед што бројот на комбинациите околу името кои доаѓаат в предвид е ограничен, сега јавно не би ги кажала, зашто така би го „изгорела“ предлогот. Така е зашто ако нешто кажам, можам да се обложам дека ќе пристигнат два деманти - од Грција и од Македонија, или еден. Затоа, моите разговори околу името се доверливи. Тоа е и онака тешко. Со сигурност, ќе дојде момент кога лично ќе се заложам. На крајот сепак доколку актерите меѓусебно не се доближат, мојата помош не помага“, одговори канцеларката Ангела Меркел, јавува Дојче Веле на македонски.