Временска прогноза
Претежно сончево и топло време
28.10.2024 08:03
Преку денот претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец...

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје наутро со услови за слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец.
