Грузиската претседателка повика на протести, тврди дека изборите се украдени
По победата на владејачката „Грузиски сон“ на парламентарните избори во Грузија, претседателката повика на протести против изборниот резултат кој според неа е тотален фалсификат и целосна кражба на гласови...

По победата на владејачката „Грузиски сон“ на парламентарните избори во Грузија, претседателката повика на протести против изборниот резултат кој според неа е тотален фалсификат и целосна кражба на гласови.
„Не бевме само сведоци, туку и жртви на руска специјална операција – нова форма на хибридна војна водена против нашиот народ и нашата земја. Не ги признавам овие избори. Ако е потребно да се бориме за Европската иднина, да излеземе на улица, да застанеме заедно-ние нема да се откажеме и да попуштиме. Ќе му кажеме на целиот свет дека Грузија се бори за својата европска иднина и дека Русија никогаш нема да победи во оваа земја“, изјави Саломе Зурабишвили, претседателка на Грузија.
Набљудувачите на ОБСЕ бараат истрага за забележаните нерегуларности како притисоци, повеќекратно гласање и полнење гласачки кутии. Реакции и од Европскиот совет, Шарл Мишел најави дека ова прашање ќе го вклучи во агендата на самитот на ЕУ во ноември. Грузискиот сон стана сè поавторитарен во текот на изминатата година, усвојувајќи закони слични на оние што ги користи Русија за да ја сузбие слободата на говорот.
