Иран: Не бараме војна со Израел, но ќе дадеме соодветен одговор
Не бараме војна со Израел, но нема да отстапиме пред нивната агресија-Техеран се закани за одмаздничкиот напад на Тел Авив. Израел возвраќа-подготвени сме на сите сценарија...

Не бараме војна со Израел, но нема да отстапиме пред нивната агресија-Техеран се закани за одмаздничкиот напад на Тел Авив. Израел возвраќа-подготвени сме на сите сценарија.
„Дефинитивно слободниот народ нема да отстапи пред овој криминален, крвожеден режим. Ние секогаш ги браневме правата на нашиот народ и ќе продолжиме да го правиме тоа“, изјави Масуд Пезешкијан, претседател на Иран.
„Искористивме само дел од нашите способности. Имаме можност да направиме многу повеќе. Подготвени сме за сите сценарија на сите фронтови“, изјави Херзи Халеви, началник на генералштабот на израелските сили.
Наспроти меѓусебните закани во Доха стартуваат обновените разговори за примирјето во Газа. Хамас најави сеопфатен договор за итен прекин на војната со повлекување на израелските трупи и размена на палестински затвореници за сите заложници. Претходно Египет за првпат излезе со предлог за дводневен прекин на насилствата.
