Украина

Зеленски: Украина го проширува форматот на соработка со северноевропските земји

28.10.2024 08:07

Одбранбените сили на Киев ги одбиваат нападите кај Селидов додека Русите упорно се обидуваат да ја пробијат одбраната, велат од Генералштабот на украинската армија...

Одбранбените сили на Киев ги одбиваат нападите кај Селидов додека Русите упорно се обидуваат да ја пробијат одбраната, велат од Генералштабот на украинската армија.

Претседателот Зеленски изјави дека соработката со нордиските земји во форматот „Украина плус Северна Европа“ добива на интензитет, а следната недела се очекуваат дополнителни чекори за зголемување на притисокот врз Русија.

Путин рече дека Москва ќе употреби „голем број различни одговори“ доколку САД и сојузниците на Киев во НАТО и дозволат на Украина да користи западно оружје со долг дострел за напади во Русија.