Собрание

Комисијата за здравство го одбележува месецот за подигнување на свеста за рак на дојка

28.10.2024 08:15

Предвидени се обраќања на собранискиот претседател Африм Гаши, претседателката на Комисијата за здравство, Рашела Мизрахи, советникот за здравство на премиерот, Игор Николов, како и на министерот за здравство Арбен Таравари...

Денеска во Собранието ќе се реализира активност за одбележување на месецот за подигнување на свеста за рак на дојка. Настанот е во организација на Комисијата за здравство.

Предвидени се обраќања на собранискиот претседател Африм Гаши, претседателката на Комисијата за здравство, Рашела Мизрахи, советникот за здравство на премиерот, Игор Николов, како и на министерот за здравство Арбен Таравари.

На темата ќе зборуваат и претставничката на СЗО, Маргарита Спасеновска, претставничката на УНФПА, Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата и Јованка Брајовиќ-Григоријевиќ, Мирјана Бабамова од здружението „Фемина М“, како и Лиридона Лимани од здружението „Езра“.

Исто така, предвидено е учество и на лица од Универзитетскиот институт за радиологија, Светлана Темелковска, претседателка на Националната комисија за скрининг и рана детекција на рак на дојка, од Институтот за патологија – Медицински факултет – Скопје, Магдалена Богдановска – Тодоровска, патолог, од Институтот за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика, Медицински факултет, УКИМ – Скопје, Весна В. Стефановска и од Градската општа болница „8 Септември“ – Маја Јакимовска.