ЕЦБ ќе ги средува најлошите банки

18.07.2014 19:32

Европската централна банка ќе објави досега најисцрпни податоци за банките, од показатели за задолженост  до висината на лошите кредити, откако претходно ќе ги провери нивните биланси. Ќе се анализира вредноста на имотот на 128 најважни кредитори во еврозоната и ќе се процени нивната способност за успешно надминување на евентуални идни кризи. Добиените резултати ќе бидат објавени во втората половина на септември, пред Европската централна банка да ги преземе супервизорските овластувања за банкарскиот сектор .

Монетарната власт на Унијата порачува дека на кредиторите ќе им даде рок од најмногу две недели во кој ќе мора да осмислат план за надминување на евентуалниот кусок на капитал.

Свето Николовски