Орце Ѓорѓиевски денеска на средба ги повика градоначалниците на Струмица и Карпош
Неизвесно е дали ќе дојде Костадинов, бидејќи по поканата во петокот, се огласи на социјалните мрежи со негативен одговор. Јакимовски пак не е оптимист дека овој состанок би ги сменил актуелните состојби...

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска на средба ги повика градоначалниците на Струмица и Карпош, Костадинов и Јакимовски, кои незадоволни најавија напуштање на ЗЕЛС. Ѓорѓиевски смета дека се прави вештачко креирање на проблеми и дека има политика во нивните најави за излегување од ЗЕЛС.
Неизвесно е дали ќе дојде Костадинов, бидејќи по поканата во петокот, се огласи на социјалните мрежи со негативен одговор. Јакимовски пак не е оптимист дека овој состанок би ги сменил актуелните состојби.
Најавата за излегување од ЗЕЛС на Костадинов дојде откако владата одби да го финансира неговиот проект за градскиот пазар, но и по предизвиците со водата за пиење. Јакимовски пак вели дека имал политички притисоци од власта.
