Шесто издание на Денови на медиумска писменост 2024
„Политики за медиумска писменост во ерата на вештачката интелигенција“ Мрежата за медиумска писменост денеска го отвора шестото издание на Деновите на медиумска писменост 2024. Планираните активности што ќе траат до 4 ноември ќе се одвиваат под мотото „Твојата свесност е најважниот филтер“...

Со конференција на тема „Политики за медиумска писменост во ерата на вештачката интелигенција“ Мрежата за медиумска писменост денеска го отвора шестото издание на Деновите на медиумска писменост 2024. Планираните активности што ќе траат до 4 ноември ќе се одвиваат под мотото „Твојата свесност е најважниот филтер“.
Отворањето на ДМП 2024 е најавено за во 9 часот во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, по што од 09:30 до 10:30, ќе се одржи работилница на тема „Вештачката интелигенција и авторските права“, организирана од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во соработка со Сојузна Република Германија. Следува панел-дискусија на тема „Етика во користењето на вештачката интелигенција“, организирана од Хелсиншкиот комитет за човекови права, која ќе се одржи од 10:45 до 11:45. Денот ќе заврши со работилница на тема „Политики за развој на свесноста за ризиците од дезинформации“, организирана од Институтот за истражување на општествениот развој (РЕСИС), која ќе се одржи од 12 до 13 часот.
