ГЕРБ на Борисов победи на предвремените избори во Бугарија
Конечните резултати се очекуваат денес, а доколку првичните податоци се покажат како точни, Борисов ќе добие мандат да ја формира својата четврта влада, но ќе мора да бара коалициски партнери за формирање на кабинет...

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов прогласи победа на парламентарните избори во Бугарија. ГЕРБ освои 25 насто од гласовите, речиси 10 проценти повеќе од „Продолжуваме со промените“ и десничарската „Демократска Бугарија“. Сепак Борисов, за да формира Влада ќе мора да коалицира.
Конечните резултати се очекуваат денес, а доколку првичните податоци се покажат како точни, Борисов ќе добие мандат да ја формира својата четврта влада, но ќе мора да бара коалициски партнери за формирање на кабинет.
Политичките аналитичари прогнозираат дека и овие резултати, кои не се значително различни од претходните шест избори одржани во последните три години, може да доведат до нови избори.
На последните избори одржани во јуни, немаше јасен победник, а седумте групи избрани во парламентот не беа во можност да формираат одржлива коалиција.
Аналитичарите сметаат дека вчерашното гласање ќе доведе до потешки преговори меѓу групите во парламентот, особено што сега се очекува во парламентот да влезат девет партии.
