Политика

Ахмети испрати писмо до повеќе лидери, бара заштита на Охридскиот договор

28.10.2024 09:05

Смета дека поради најновите политички и уставни случувања се загрозуваат постигнувањата на Охридскиот договор.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети испрати писмо до Европската унија, до претседателите на Франција и на Германија и до претседателите и премиерите на Албанија и на Косово.

Смета дека поради најновите политички и уставни случувања се загрозуваат постигнувањата на Охридскиот договор.

Според Ахмети, Уставниот суд планира да ги укине основните одредби на Законот за употреба на јазиците, а зборува и за одлука за забрана на идентификацијата на етничката припадност на граѓаните во државните институции.

Овие интервенции ја загрозуваат основата на мирот и еднаквоста, враќајќи нè во условите пред 2001-та година, кои беа причина за кризата и војната, напиша Ахмети.