Краток здив во Евро-куповите за македонските преставници
Ништо ново во Европските купови за македонските фудбалски екипи. Кон крајот на јули во второто квалификациско коло веќе традиционално завршуваат сите надежи и амбиции. Ако нема противници од Сан Марино, Лихтенштајн, Андора, црно им се пишува на четирите најдобропласирани во македонскиот шампионат.

Клубовите од Молдавија, Ерменија, Грузија, и од земји со сличен рејтинг на стариот континент се висока брана и суоперсили за нас. Шкендија по Зимбру и Турново по Чикура, експресно се насочија кон домашните обврски, Работнички и Металург по првите двобои на свој терен се на добра патека да им се приклучат.
Не само што не победија, туку и не успеаја да да постигнат гол на Филип втори арената во Скопје. Синоќа металурзите во втората квалификациска рунда од Уефа Европа лигата ремизираа 0-0 со сараевски Железничар, додеак претходно првакот Работнички обезбеди ист резултат со кој ќе патува на реваншот во финска против Хелсинки на стартот од квалификациите во Лигата на шампионите.
По денешната ждрепка во Нион за третата фаза од квалификациите во престижната лига, кипарски Апоел ќе им биде противник доколку дебармаалци го елиминираат Хелсинки. И Металург со евентуален успех во двомечот со Железничар ќе добие кипарски ривал во екипата на Омонија.