Култура

Почнува Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло“

28.10.2024 10:48

Овој културен настан, по овие 15 години, сведочи за присуството и појавата на сè поголем број светски познати уметници специјализирани за класична гитара.

Во организација на Детскиот културен центар од денес започнува 15-то издание на Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло“.

Концертот ќе почне од 19 часот во Музејот на македонската борба со настап на најдобрите млади гитаристи. Утре во истиот термин во Националната филхармонија ќе настапат El Sonido De La Vida – Carlos Sancez од Шпанија, а задутре во Музејот на македонската борба ќе настапат Jimmy Liu (Shih-yu Liu) од Тајван и Cassie Martin од Франција.

Овој културен настан, по овие 15 години, сведочи за присуството и појавата на сè поголем број светски познати уметници специјализирани за класична гитара.

Во текот на фестивалот, покрај трите концертни вечери, ќе се одржат и мастер часови и работилници од областа на класичната гитара и Фламенко.

Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло“ се одржува под покровителство на Град Скопје, а влезот е слободен.