Кари не го заврши натпреварот со Клиперс
Голден стејт прв пат поразен оваа сезона
28.10.2024 11:31
Стеф Кари го напушти теренот рано во последната четвртина ноќеска на натпреварот со Лос Анџелес клиперс на домашен терен.

Најдобриот кошаркар на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари го напушти теренот рано во последната четвртина ноќеска на натпреварот со Лос Анџелес клиперс на домашен терен.
Кари го повреди левиот скочен зглоб и не можеше да го доигра натпреварот. Според првичните информации од таборот на Вориорс, повредата на Кари е „блага до умерена“. Тој треба да оди на магнетна резонанца по што ќе се знае времето потребно за заздравување.
Поразот на Вориорс од Клиперс со 104:112 е прв во тековната сезона во НБА-лигата.
