Трансфер

Димитровски во Керкира

18.07.2014 19:41

Дефанзивецот на ФК Вардар Владимир Димитровски е нов фудбалер на Керкира. Екс капитенот на младинската селекција на Македонија и штопер на црвено-црните потпиша едногодишен договор во новиот грчки суперлигаш.

За 26 годишниот Димитровски, син на поранешниот вардарец, Влатко Димитровски, кој по 18 месеци го раскина договорот со Вардар, ова ќе биде четврти предизвик во странство, откако на 18 годишна возраст одигра 20 натпревари за белгискиот Вестерло, па потоа ги бранеше боите на Кроација Сесвете и на чешката екипа Млада Болеслав.