Јапонија

Јапонската владејачка коалиција го загуби мнозинството на парламентарните избори

28.10.2024 12:06

Јапонската владејачка коалиција го загуби мнозинството на парламентарните избори зголемувајќи ја неизвесноста во однос на составот на идната влада и економската ситуација во земјата...

Јапонската владејачка коалиција го загуби мнозинството на парламентарните избори зголемувајќи ја неизвесноста во однос на составот на идната влада и економската ситуација во земјата. Најголем победник на изборите е главната опозициска Уставна демократска партија. Лидерот на опозицијата изјави дека ја постигнале целта.

„Можеме да кажеме дека ја постигнавме нашата цел-Либерално-демократската партија да го загуби мнозинството, и тоа е големо достигнување“, изјави Јошихико Нода, лидер на Уставната демократска партија на Јапонија.

„Мора да го сфатиме ова сериозно и да размислиме за тоа. Разбирам дека овој резултат е остра критика од јавноста за ставот на ЛДП за реформите“, изјави Шигеру Ишиба, премиер на Јапонија.