ААВМУ

Под мотото „Твојата свест е најважниот филтер“ започнаа Деновите на медиумска писменост

28.10.2024 17:08

Денови на медиумска писменост. Денеска државните институции, граѓански организации и медиумите на едно место разговараа за подигање на свеста и препознавање на лажните информации...

Дезинформациите, слободата на изразување, говорот на омраза. 22 разновидни настана кои треба да ги информираат граѓаните како да разликуваат лажна вест од вистина, во ера на вештачка интелигенција – е главната цел на деновите на медиумска писменост. Годинава под мотото „Твојата свесност е најважниот филтер“ учество ќе земат повеќе од 15 организации. Дел од нив се и АВМУ и ЗНМ. Фокусот ќе биде ставен и на едукација и промоција на истражувачкото новинарство.

Комисијата за жалби при Советот за етика ќе ја отвори својата врата за граѓаните. Македонскиот „Институт за медиуми“ ќе ги едуцира основците како да ги препознаат лажните вести. Во парламентот ќе се одржи и дебата за состојбите со медиумската писменост кај младите.

Дел од граѓанските организации побараа надлежните да продолжат со имплементацијата на националната стратегија за отпорност од дезинформации која што лани беше дел од владината програма за работа.

Во основното образование во земјава медиумската писменост се изучува од прво до деветто одделение.

 

Викторија Милевска