Пливање

Падна рекордот на Миладиновски стар 12 години

18.07.2014 19:44

Најдобриот македонски пливач Марко Блажевски го собори 12 години стариот рекорд на Александар Миладиновски на патеката од 200 метри мешано.

Утрово на пливачката серија „Спидо Чемпс“ во Гринсбороу, Сад, Блажевски во финалната трка исплива со време од 2.03.65 минути, соборувајки го сопствениот рекорд поставен доцна синоќа во квалификациската трка на митингот.

Новиот апсолутен рекорд на 200 метри мешано на Блажевски, кој неколку години тренира во Сад, е за една секунда и 78 стотинки подобар од стариот на Миладиновски од Европското првенство во Берлин 2002 година.