„Итно копче“ за болните,изнемоштените и лицата со посебни потреби
24 часа помош за болните, изнемоштени и лицата со посебни потреби. Со еден клик на итно копче на Црвениот крст, откако ќе го исконтактира лицето, ќе испрати и тим за брза помош.

Само со едно стискање на копчето кое и е на раката, Ленче се поврзува со службата што и е на располагање во секое време, и дење и ноќе.
Сама е, ама како со неа да е целиот свет. Откако Црвениот крст и Општина Гази Баба ја вклучиле во услугата „Итно копче“ таа може многу полесно да ги поднесе болестите за кои вели дека не знае од каде да почне за да ни ги наброи.
Од Црвениот крст посочуваат дека е најважно што Ленче може да им се обрати и за психолошка поддршка, да си поразговара со нив и да и дадат совети.
Димишкова посочува дека во оваа општина за уште седуммина други лица општината ги покрива трошоците, а има простор за уште две лица над 65 години. Градоначалникот кој дојде да ја посети Ленче и да се увери дали и како функционира услугата, тврди дека ќе се прошири листата на корисници од општината со цел нивна безбедност и помош.
„Итно копче“ постоеше три години како пилот програма, а сега освен во Гази Баба од јули целосно функционира и во Кисела Вода, додека услугата бесплатен превоз на лица со попреченост и во Општините Карпош, Центар и Ѓорче Петров.
Фиљана Кока
