Oпштина Центар

Сепак ќе се гради хотелот на Водно

18.07.2014 20:00

Сепак ќе се гради хотелот на Водно. Помина предлогот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Центар за измени на ДУП-от. Барокната фасада на ГТЦ тргната од дневен ред. Одлуката е донесена во присуство на претседавачот Мирослав Шиповиќ кој гласаше против. Остана сам да ја претставува опозицијата откако по три часа жолчна расправа дали спорните точки треба да се дел од агендата, советниците на СДСМ ја напуштија салата.

„Ваше право е што ќе одлучите и немојте цело време со вашите рпавни процедури да ни правите пречки во работата,“ рече Ѓоше Вангелов, советник на СДСМ.

„Ако ви сметам, ќе си одите,“ одоговори Илија Илијовски, советник на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно Шиповиќ рече дека нема да го поддржи проектот Скопје 2014-та, по што опозициските советници од ВМРО-ДПМНЕ, се откажаа од ДУП-от со кој треба да се менува фасадата на трговскиот. Остана само спорниот хотел чија градба не е прифатлива за СДСМ.

„На спорната парцела на Водно, само за да ги задоволат своите бизнис апетити, ќе изградат десеткатница иако за истата таа парцела постои документ од Институтот за земјотресно инжинерство дека е ризична градба и од само еден кат,“ рече Алајџајков Игор, советник на СДСМ во општина Центар.

Изминатите денови Жерновски и СДСМ обвинуваа дека власта го уценува претседавачот на советот, кој според нив е принуден да го поддржи ВМРО ДПМНЕ за да не мора да заврши зад решетки. Шиповиќ пак побара неговата судбина да не се користи за дневно политичко профитирање на партиите.

Анита Димитријевска