Правична застапеност

Разногласие за Законот за правична застапеност

28.10.2024 14:57

Минчев дециден дека не видел никаква драфт-верзија на Законот за правична застапеност. Снопче од Вреди демантира...

Додека Али Ахмети негодува за укинувањето на балансерот, во владејачката коалиција разногласие дали се подготвува нов Закон за правична застапеност или сè уште е во фаза на размислување. Министерот за јавна администрација Минчев дециден дека не видел никаква драфт-верзија. Вели не треба да се брза со законот кој треба да го разгледа и Венециската комисија.

Пратеникот Халил Снопче од Вреди контра министерот Минчев. Има и драфт-верзија на Законот за правична застапеност и работна група за законот во која член е министерот за јавна администрација, и таа работна група има одржано два состанока.

Уставниот суд го укина балансерот бидејќи со него, сметаа судиите, се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.

 

Миле Ристески