Набљудувачите на ОБСЕ пристигнаа на местото на падот на Боингот
Делегацијата составена во најголем дел од членови на ОБСЕ во местото Храбов беше пречекана од проруските бунтовници, кои што неколку пати ги предупредија набљудувачите да ги почитуваат нивните инструкции и ограничувањето на движењето.

Првата 30 члена делегација од меѓународни набљудувачи вчера пристигна на местото каде што се урна малезискиот боинг. Делегацијата составена во најголем дел од членови на ОБСЕ во местото Храбов беше пречекана од проруските бунтовници, кои што неколку пати ги предупредија набљудувачите да ги почитуваат нивните инструкции и ограничувањето на движењето.
„Ве предупредив еднаш. Овде имате обезбедување. Тој што ќе ја помине линијата и нема да ги почитува моите наредби, ќе се соочи со последици.
„Ви кажав повеќе пати. Ве замолив љубезно.“
„Слушајте ме внимателно. Јас не сум подреден на вашиот Киев и вашиот Порошенко. Затоа бидете љубезни и следете ги моите наредби. Се наоѓате на територијата на Народна Доњецка Република“, рече проруски бунтовник.
Некои од западните држави и Киев побрзаа да ја поврзат Русија со падот на авионот, а при тоа немаат докази со кои што ќе ги потврдат своите тврдења, во изјава за телевизијата Русија Денес порача рускиот заменик министер за одбрана Анатолиј Антонов и ја повика Украина да одговори на 10 прашања поврзани со падот на авионот. Зошто украинската контрола на летање дозволила авионот да скршне од регуларната рута и да се движи кон зоната на анти-терористички операции, зошто воздушниот простор во воената зона не бил затворен за комерцијални летови и дали Киев може да објасни како и за што ги користи своите Бак рактени фрлачи, се дел од прашањата што Москва му ги поставува на Киев.
Марија Котовска
