ЗЕЛС ќе посредува за проблемите меѓу власта и општините
ЗЕЛС ќе посредува за проблемите меѓу власта и општините. Јакимовски побара да се намалат притисоците од министрите. Костадинов не се појави на средбата пред градоначалниците. Заминува од Управниот одбор на заедницата…

Интересите на граѓаните да се стават над интересите на партиите-порача претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓоргиевски по најавите за повлекување на градоначалниците на Струмица и Карпош.
Јакимовски се предомисли и присуствуваше на состанокот. Очекува претседателот Ѓоргиевски да овозможи поголема соработка на оваа општина со министерствата.
Присуствуваше и градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов од кој ЗЕЛС се очекува да биде медијатор за на маса да седне и градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, кој си поднесе оставка како член на Управниот одбор на ЗЕЛС.
Ѓоргиевски вели обидите да му се помогне на Костадинов во решавањето на проблемите со струмички водовод биле безуспешни.
Од МЗВШ велат дека проблемот е што не се инвестирало во модернизација на водовод и пречистителни станици.
Александра Велинова
