Кина

Кинеската влада најави мерки за зголемување на наталитетот

28.10.2024 18:48

Кинеската влада денеска објави мерки за подобрување на планирањето на семејството и родителството во обид да се зголеми наталитетот...

Кинеската влада денеска објави мерки за подобрување на планирањето на семејството и родителството во обид да се зголеми наталитетот.

Државниот совет на Кина повика на напори за изградба на „нова култура на брак и породување“, истакнувајќи дека се усвоени мерки за да се понудат поповолни породилни бенефиции, како и субвенции за децата и нивното образование.

Во Кина минатата година наталитетот достигна рекордно ниско ниво.