Србија
Маж во Белград пукал во сопругата и синот и тешко ги ранил
28.10.2024 19:01
Маж пукаше денеска во сопругата и во синот во станбената населба Бежаниска коса во Нов Белград...

Маж пукаше денеска во сопругата и во синот во станбената населба Бежаниска коса во Нов Белград.
Крвавиот настан според српските медиуми се случил денеска околу 12 часот кога мажот пукал во правец на сопругата и на синот и ги ранил двајцата.
Синот бил застрелан во стомакот, а жената во ногата. По пукањето, полициска патрола од Нов Белград го уапсила напаѓачот
Според српските медиуми, жената била малтретирана од сопругот со години. 22-годишниот син бил опериран попладнево, и сега е надвор од животна опасност.
