Хорот „Св. Злата Мегленска“ освои две први и едно второ место во Рига

19.07.2014 15:57

Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ освои две први и едно второ место на престижните Светски хорски игри што се одржуваат во Рига, Летонија, градот кој годинава ја носи титулата европска културна престолнина.

Македонските претставници освоија прво место во категориите световна музика и фолкор, додека второ место во духовна категорија.

Со поддршка од Министерството за култура, Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“, како единствен претставник од Република Македонија, учествуваше на 8. Светски хорски игри, што се одржува во Рига, каде се претставија хорови од над 60 земји од целиот свет, кои се натпреваруваа во 28 различни категории.

Нашите претставници се натпреваруваа во три категории, и тоа: световна музика, црковна а-капела и фолклор.