Грузија

Десетици илјади луѓе на улиците на Тбилиси

28.10.2024 21:16

Протести во Грузија по парламентарните избори. Опозицијата не ги призна изборните резултати во кои победата ја однесе владејачкиот „Грузиски сон“...

Протести во Грузија по парламентарните избори. Опозицијата не ги призна изборните резултати во кои победата ја однесе владејачкиот „Грузиски сон“. Обвини за руско мешање во изборите. Москва негира вмешаност, САД и ЕУ бараат истрага за нерегуларностите.

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, денеска ги повика Грузијците да излезат на улиците на главниот град Тбилиси за да протестираат против резултатите на парламентарните избори кои според неа се фалсификат и претставуваат целосна кражба на гласови.

Официјалните изборни резултати во саботата, 26-ти октомври, ѝ дадоа на владејачката партија „Грузиски сон“ повеќе од 54 отсто од гласовите, доволно за да ја задржи контролата врз владата.