Временска прогноза
Сончево со умерена облачност
29.10.2024 08:04
Преку денот сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец...

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје наутро со услови за слаба магла, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
