ГРУЗИЈА

Вашингтон бара истрага за изборите во Грузија

29.10.2024 08:17

Вашингтон побара земјата за се врати на евроатлантскиот пат...

САД им се придружуваат на меѓународните и локалните набљудувачи за целосна истрага за изборите во Грузија. Вашингтон побара земјата за се врати на евроатлантскиот пат.

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили посочи дека изборите биле наместени со помош на Русија. Десетици илјади Грузијци се собраа пред парламентот со барање за поништување на парламентарните избори.

Партијата Грузиски сон тврди дека победиле, премиерот на земјата ги отфрла тврдењата дека имало изборна кражба и ја обвинува опозицијата дека подготвува државен удар.