Пол за Росберг на домашното гран-при

19.07.2014 16:06

9-та пол позиција за еден од болидите на Мерцедес во 10-тата квалификациска сесија сезонава, 5-та за Нико Росберг, 9-та во неговата кариера, прва на домашното гран-при, во пресрет на трката за големата награда на Германија.

9-та пол позиција за еден од болидите на Мерцедес во 10-тата квалификациска сесија сезонава, 5-та за Нико Росберг, 9-та во неговата кариера, прва на домашното гран-при, во пресрет на трката за големата награда на Германија.

Како што се очекуваше, возачите на Хокенхајм  ги дочекаа 32 степена на воздухот и 55 целзиусови на асфалтот, но и покрај проблемите со кои се соочија повеќето од пилотите со одржувањето на температурата на пневматиците и сопирачките , единствено Луис Хамилтон доживеа посериозен инцидент и заврши во заштитните бариери, а со тоа уште во првиот дел ги заврши квалификациите и утре ќе стартува од 16-тата позиција.Официјално од тимот на Мерцедес потврдија дека откажал дискот на сопирачката на предното десно тркало. Откажувањето на Хамилтон максимално го искористија возачите на Вилијамс, Ботас и Маса потврдувајќи ги добрите времиња на тренинзите со втора и трета позиција на стартот.

До Маса во вториот ред ќе биде МекЛаренот на Магнусен, а третиот ред е резервиран за болидите на Ред Бул и за Рикардо и Фетел кои потврдија дека бележат прогрес од трка во трка.Алонсо ќе ги брани боите на Ферари меѓу првите 10 на стартот, откако Раиконен не влезе во третиот дел од квалификациската сесија, а во 4-от и 5-от ред на стартот место обезбедија уште Квјат со Торо Росо и двоецот на Форс Индија, Хулкенберг и Перез.

Времињата на првите 5 на стартот  што се во 1 секунда се најава за возбудлива трка, можеби уште повеќе можноста за дожд во Хокенхајм утре од 14 часот што е убава препорака да се биде со првиот програмски сервис на МРТ и со преносот од 10-тата трка во Ф1 шампионатот.