Енергетика

Без струја делови од Аеродром, Карпош и Орешани

29.10.2024 08:26

Дел од корисниците на општина Аеродром, Карпош и Орешани од 9 часот ќе немаат електрична енергија...

Корисниците од ул. „Србија“ во општина Аеродром денеска ќе немаат електрична енергија од 9 до 12 часот.

Според известување од ЕВН Македонија АД, струја од 9 до 13 часот ќе немаат и дел од потрошувачите на ул. „Скупи“, дел од објектите околу сервис „Олимпико“ во општина Карпош, како и корисниците на дел од село Орешани во општина Зелениково, од 9 до 15 часот.