Во Прилеп трибина за превенција на болеста чума кај малите преживари
Учесници на трибината ќе бидат членовите на Локалниот центар за контрола на болести, официјални ветеринари и претставници на институции со кои Агенцијата за храна и ветеринарство соработува во услови на криза...

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМ), денеска во Прилеп, продолжува со спроведување на циклус трибини за превенција на чума кај малите преживари.
Учесници на трибината ќе бидат членовите на Локалниот центар за контрола на болести, официјални ветеринари и претставници на институции со кои Агенцијата за храна и ветеринарство соработува во услови на криза.
На трибините ќе биде презентирана моменталната состојба со болеста во земјава, соседството, во Европа и во светски рамки, мерките кои се преземаат за спречување на нејзина појава и ширење кај нас, во Европа и во светот, како и состојбата и капацитетноста на лабораториите за испитување на мостри за детектирање на болеста чума кај малите преживари, соопштуваат од АХВ.
