САД

Во пожари уништени стотина гласови пред изборите во САД, ФБИ отвори истрага

29.10.2024 08:39

Полициската управа на Ванкувер соопшти дека отстранила сомнителна направа во третиот округ во сојузната држава Вашингтон, место на една од најнеизвесните трки за Застапничкиот дом на Конгресот...

Сомнителни пожари уништија стотина гласови пред изборите во САД. Кутија за предвремено гласање во државата Вашингтон изгоре во сомнителен пожар. Полициската управа на Ванкувер соопшти дека отстранила сомнителна направа во третиот округ во сојузната држава Вашингтон, место на една од најнеизвесните трки за Застапничкиот дом на Конгресот. ФБИ отвори истрага.

Инцидентот е последен во серијата саботажи на гласачките кутии пред изборите на 5-ти ноември. Полицијата во Портланд, Орегон имаше пријава за сличен пожар предизвикан од запаливо средство во гласачка кутија.

Изминатата недела, во Феникс беше уапсен маж откако беше запалено поштенско сандаче при што изгореа 20 гласачки ливчиња.