НБА

Кари ќе пропушти два натпревара поради повреда на скочниот зглоб

29.10.2024 08:56

Оваа сезона Кари настапи на три натпревари и имаше просек од 18,3 поени и 6,7 асистенции.

Најдобриот кошаркар на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, е надвор од терените поради повреда на скочниот зглоб.

Се очекува 36-годишниот Американец да пропушти два натпревара на Вориорс.

Оваа сезона Кари настапи на три натпревари и имаше просек од 18,3 поени и 6,7 асистенции.

Голден Стејт со две победи и еден пораз е на 4-то место во Западната конференција од НБА-лигата.