Образование

Германски модел на студирање на медицинските факултети

19.07.2014 16:46

На државните медицински факултети во земјава од септември стартува имплементацијата на германскиот модел на студирање. За прв пат студиите ќе се поделат на претклинички и клинички, а студентите ќе посетуваат и задолжителна практична тримесечна обука за болничко згрижување. Бидејќи ќе користат иста литература, со овој модел на едукација, како што истакна министерот Тодоров, домашните лекари ќе бидат подеднакво стручни како и нивните колеги кои студирале на 100 те најреномирани факултети во светот.

„Студентите и докторите на медицина ќе полагаат стручен испит во два дела, кој претставува услов за вршење на дејноста доктор на медицина. Испитот се состои од писмен, усмен и практичен дел. Стручниот испит се полага пред испитна комисија и испитна комисија за втор дел од стручниот испит, формирани од страна на Лекарската комора на Македонија, кои имаат по пет члена, од кои најмалку два члена се доценти, редовни или вонредни професори. Посебно значајно е што членовите на комисија мора да бидат со сериозен научен беграунд“, рече министерот за здравство, Никола Тодоров.

Анита Димитријевска