Изложба

Традиционална изложба на ДЛУМ „Голем формат“ во Дом на АРМ

29.10.2024 09:11

Со организирање на традиционалната изложба „Голем формат“ ДЛУМ го поттикнува современиот ликовен израз кон постојана потрага по нови визуелни и концепциски изразни техники, нови медиуми и вокабулар за експресија.

Во Дом на АРМ е поставена традиционалната изложба на ДЛУМ „Голем Формат“ која ќе трае до 6 ноември.

Со организирање на традиционалната изложба „Голем формат“ ДЛУМ го поттикнува современиот ликовен израз кон постојана потрага по нови визуелни и концепциски изразни техники, нови медиуми и вокабулар за експресија.

Големиот формат како инспирација се потврдува најмногу во уметноста наменета за екстериер каде остварува динамичен дијалог со светот кој постојано се менува во отворен простор. Делата во голем формат пак, поставени во ентериер го впиваат вниманието на гледачот со својата маркантност и доминација – димензиите во корелација со антрополошките димензии на консументите, за публиката не оставаат место за дилема, криење или двоумење.

Пропорциите се носители на пораката како и сите основни елементи на визуелниот израз, моќни или пак празни, во зависност од квалитетот на означеното потенцирано со големите димензии.

На овогодишната изложба се претставуваат: Никола Пијаманов, Стефан Анчевски, Мице Јанкуловски, Мила Добревска. Јоана Арсовска, Душан Георгиевски, Слободан Живковски, Зулејха Зубери, Валентина Илијевска, Јана Јакимовска, Перо Кованцалиев, Нела Јанковска, Марина Лешкова, Ангелица Стојковиќ и Златко Пецов.

Настанот е поддржан од Министерство за култура и туризам.