Објавен планот на Трамп за ставање крај на војната во Украина
Објавен планот на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп и кандидат за нов мандат во Белата Куќа за завршување на војната во Украина...

Објавен планот на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп и кандидат за нов мандат во Белата Куќа за завршување на војната во Украина.
Предлогот вклучува замрзнување на конфликтот и создавање автономни, демилитаризирани зони. Меѓудругото, предвидено е да се намали американската улога и поголем ангажман на европските земји како гаранти на мировниот процес, но без интеграција на Украина во НАТО. Концептот на Трамп ги ревидира договорите од Минск од 2014 и 2015 година.
Критичарите, вклучувајќи ги и украинските власти, предупредуваат дека ваквиот пристап може да се гледа како попуштање пред руската агресија.
