Финансии
Предлог буџетот за 2025-та година денеска на владина седница
29.10.2024 10:52
Министерката за финансии Димитриска – Кочоска најави дека тој ќе биде развоен со фокус на инвестициите, запазена социјална компонента, а капиталните расходи се проектирани на 44 милијарди денари или 712 милиони евра...

Предлог- буџетот за 2025-та година денеска е на владина седница. Според проекциите на Министерството за финансии, растот на БДП в година треба да изнесува 3,7 насто, а буџетскиот дефицит 4 проценти.
Министерката Димитриеска- Кочоска уверува дека иако буџетот ќе биде развоен, сепак, нема да биде занемарена ниту социјалната компонента. Капиталните расходи се проектирани на над 44 милијарди денари.
По усвојувањето на Влада, предлог- буџетот ќе се прати во Собранието за да добие виза и од пратениците.
