Лажна дојава за бомба во фабрика во населба Илинден
Утрово е пријавено дека во фабрика којашто се наоѓа во населба Илинден стигнала информација на службениот мејл дека е поставена експлозивна направа...

Утрово е пријавено дека во фабрика којашто се наоѓа во населба Илинден стигнала информација на службениот мејл дека е поставена експлозивна направа.
„Утрово околу 08:20 часот во СВР Скопје, вработена во правно лице, населба Илинден пријавила дека на службениот мејл на правното лице, во 06:00 часот утринава стигнала порака дека во фабриката е поставена експлозивна направа. Во моментов се на терен и екипи на СВР Скопје и единицата за антитероризам. Откако биле направени сите потребни проверки се укажало дека не била пронајдена експлозивна направа, констатирано е дека станува збор за лажна пријава“, се вели во соопштението.
