СДСМ: Го критикуваа, па го фалат договорот со „Бехтел и Енка“
СДСМ му забележа на премиерот Мицкоски дека едно зборувал додека бил во опозиција, а друго сега, кога е власт...

СДСМ му забележа на премиерот Мицкоски дека едно зборувал додека бил во опозиција, а друго сега, кога е власт. Оттаму како пример го зедоа договорот со „Бехтел и Енка“, кој ВМРО-ДПМНЕ го нарече историски криминал, а сега, како што велат социјал-демократите, власта признава дека е добар за државата.
„Додека СДСМ ги поставуваше темелите на најголемиот инфраструктурен проект во независна Македонија, ВМРО неосновано напаѓаше, критикуваше, обвинуваше, блокираше закони во Собранието, сѐ со цел да го забави инфраструктурниот раст и развој на државата“, изјави пратеникот на СДСМ Благој Бочварски.
Од новата влада не е започнато ништо досега, а од друга страна единствените нивни активности на терен ги гледаме на проектите што ги работела претходната влада, велат од СДСМ.
