Еуростат

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

29.10.2024 12:54

Младите во Македонија се меѓу оние кои најдоцна во Европа ги напуштаат домовите на своите родители, на 32-годишна возраст. За споредба, во Скандинавија тоа се прави на 21 година. Многу фактори влијаат, меѓу кои и неможноста за финансиско осамостојување, но и традицијата...

Стефанија Радевска не се согласува дека младите во Македонија остануваат со родителите бидејќи не сакаат да работат. Таа студира и работи, вели парите не се доволни за самостоен живот.

Скопјанката Наде Стојановска вели ја имаат младоста, но, за жал, ја трошат по кафулиња, место да работат, да одат напред.

Војо Зотевски, вели неговата генерација младоста ја поминала со Битлси во домовите на родителите и ништо не им фали.

На Балканот повеќе од половина луѓе на возраст од 20 до 25 години живеат во своите родни огништа. Во Северна Европа овој процент е 10%.

Стојановска-Јовановска вели сакаат да бидат самостојни, но немаат услови за економска независност, или не можат да најдат работа или не се платени доволно.

Во Хрватска, Србија, Грација и Бугарија од дома излегуваат кога ќе наполнат 30, покажува анализата базирана на податоци од Еуростат. Најрано од домовите заминуваат младите од скандинавските земји, кога ќе наполнат 21 година.

Наташа Јанчиќ-Менковски