УХМР

Утре слаб локален дожд, а потоа стабилно, суво и постудено

29.10.2024 13:00

Во следните денови времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер, соопшти УХМР.

В среда наместа ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер, соопшти УХМР.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневните температури ќе бидат пониски.