Камп туризам на Пивофест
Пивофест во Прилеп ги врати и камперите –како подзаборавен начин на престој во места на масовни манифестации. Ова секако значи и збогатување на туристичката понуда на градот.

Илјадници посетители, ладно пиво, добра дружба, најпозитивната атмосфера во Македонија овие денови. Ова е сликата за Пиво фест Прилеп, кој трае веќе 2 дена. Освен преполните хотелски капацитети, гостите од Македонија и Европа го запоседнаа и „Паркот на револуцијата“ каде спијат под шатори.
„Бевме на тура низ Македонија, случајно дојдовме на Пиво фест, но бидејќи е прекрасно одлучивме да останеме 4 дена“, вели еден турист од Белгија.
„Луѓето тука се тотално луди и многу љубезни, супер е, пробавме и македонско пиво и кебапи“, рече друг турист од Белгија.
Секое утро тие добиваат бесплатна чорба кафе и чај.
„Одлично е супер е, ќе дојдеме и наредната година затоа што е спектакулрано, одлична идеја на општината за организирање на ваков кампинг простор“, рекоа денеска камперите.
Денес честа да ги послужат со чорба ја имаа од Игор Џамбазов и градоначалникот на Прилеп.
„Од година во година има се повеќе кампери, не само од Македонија туку и од цела Европа, луѓето се многу задоволни тука“, вели Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Стенд ап – Во иднина тука на „Паркот на револуцијата“ се планира изградба на поголем кампинг простор, за да ги задоволи се поголемите потреби на туристите кои доаѓаат во Прилеп и сакаат да спијат под шатори, а не во хотелско сместување.
Синоќа концертите на Џамбазов, Владо Јанески и Хладно пиво направија прекрасна забава. Вечерва лудилото продолжува со Ефто Пупиноски, Јелена Розга и Тони Цетински.
Дарко Штаргоски
