Предлог-буџетот за 2025-та година на владина седница
Власта уверува дека иако ќе биде развоен, нема да биде занемарена ниту социјалната компонента. Премиерот Мицкоски денеска оцени дека е добро што нема драматично зголемување на дефицитот и оти постепено има изедначување со капиталните инвестиции.

Предлог-буџетот за 2025-та година денеска е на владина седница. Власта уверува дека иако ќе биде развоен, нема да биде занемарена ниту социјалната компонента.
Премиерот Мицкоски денеска оцени дека е добро што нема драматично зголемување на дефицитот и оти постепено има изедначување со капиталните инвестиции.
„Капиталните инвестиции се некаде на ниво од 50-ина милијарди денари, од коишто 32 милијарди се од основниот буџет и некои 80-ина од заеми и програми коишто се веќе тековни или допрва ќе бидат земени. Буџетскиот дефицит мислам дека е околу 41-42 милијарди денари. Оваа година е добро тоа што немаме драматично зголемување на дефицитот, постепено капиталните инвестиции и буџетскиот дефицит се изедначуваат. Тие се сега негде на ниво 300 со 400 милиони евра, очекувам до крајот на годината да бидат многу блиску“, рече Мицкоски.
Известува Анита Димитријевска- Велковска
