Потврда за исправна вода
Водата во Струмица може да се пие, Агенцијата за храна и ветеринарство ја укина забраната што за струмичани е олеснување по 30 дневната голгота...

Жителите на Струмица и шесте населени места може да ја пијат водата од градскиот водовод и јавните чешми. Стаса решението од АХВ со која се укинува забраната потврдувајќи дека водата во Струмица е здрава и безбедна за пиење.
Струмичани денеска не знаеја дека водата од градскиот водовод може да се пие. Тие се упатуваа кон локациите каде Комуналец имаше поставено канистри со питка вода.
Со решавањето на проблемот со водата, Костадинов не прецизираше дали Струмица останува во ЗЕЛС.
Забраната за користење на водата во Струмица траеше речиси цел месец. Забраната беше заради зголемено количество на манган и колиформни бактерии.
Ване Трајков
