Седма групна крштевка во реката Бабуна
На седмата по ред групна крштевка кој ја организира Повардарската епархија, светото тајно крштение го примија 15 верници. Тие велат сега се соединиовме со бога. За свештените лица ваквите настани во кој се повеќе присутни се млади верници е само потврда за живоста на нашата македонска православна црква.

Петгодишната Анастасија денеска по групната крштевка во реката Бабуна се соедини со Бога.
„Јас денеска се крштевав. Најинтересно ми беше кога попот ме зема во раце“, вели Анастасија Митревска.
Под јаворовите сенки на Бабуна денеска ја чуствуваме христовата сила, велат и кумовите но и оние кои иако имаат и по дваестин и повеќе години тајната на светото кршение ја примија токму денес.
„Дојдовме од Скопје да се крстиме овдека, имаме роднини во Велес ни закажаа и чуството е убаво се чуствувам исполнето“, рече Дамјн Сиљановски.
Со чинот на Светото Тајно Крштение верниците добиваат закрилник - ангел чувар кој ќе ги пази во нивниот живот.
По седми пат Епархијата Повардарска го организираше ова групно крштевање. Денеска во водите на реката Бабуна ветото крштение го примија детнаесетина луѓе.
Во изминатите шест групни крштевки, крстени се вкупно 260 граѓани од Велес и велешко.
„Сите млади веќе почнаа да се враќаат во нашите храмови, почнаа да се полнат нашите храмови со верници кои за среќа се млади“, рече отец Игор Пармачки.
Од Епархијата Повардарска велат покрак крштевањето значајна е и групната венчавка која традиционално се организира во манастирот Свети Димитрија.
Дијана Иванова
