Прилеп

Висока превентива против чума кај овците и козите

29.10.2024 17:05

Во земјава нема чума кај овците и козите, ама има во Грција и Романија. Агенцијата за храна и ветеринарство со трибини ги анимира институциите да бидат подготвени, а до сточарите препораки за заштита. На сила во земјава е и забрана за увоз од ризични подрачја. Агенцијата денеска со трибина во Прилеп …

Агенцијата за храна и ветеринарство ги алармира надлежните институции за превенција против болеста чума кај козите и овците. Кај нас ја нема, но не се поштедени Грција и Романија. Не е заразна за луѓето, мора да се заштити сточниот фонд од големи стопански последици.

Заштитени сме со забрана за увоз од ризични подрачја и нема опасност да се најде заразено месо на пазарот, уверуваат од Агенцијата.

Апелите и советите за сточарите се да ја пријават секоја респираторна промена кај стоката.

Превентивата останува и наредниот период.

 

Елизабета Митреска